Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело – „неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, СВР Охрид до надлежното ОЈО поднесе кривична прјава против К.М. (59) од Охрид. За пријавениот Судија од претходна постапка веќе му одреди мерка притвор во траење до 30 дена.
Имено, вчера (26.07.), по претходно обзебедена Наредба на ОС при претрес извршен во домот на К.М., полициските службеници пронајдоа 527 таблети екстази, околу 15 грама опојна дрога кокаин, 630 грама смеса додаток за мешање со кокаин, околу 400 грама опојна дрога марихуана, потоа 1.450 евра во различни апоени, фалсификувана возачка дозвола, дигитална вага и мелница за кафе со траги од кокаин како и други предмети. Од вкупниот број таблети, 216 парчиња, според направеното вештачење се т.н. метиолендиокси-метамфетамин (МДМА) што како психотропна супстанца и стимуланс на централниот нервен систем е на листа на забранети дроги и психотропни супстанци, а биле пронајдени сокриени во кујната. Останатиот дел од таблети во елипсовидна форма со втиснато лого „Плејбој“, забележани се во останатите простории од семејната куќа. Кокаинот е пронајден во отвор за чистење на оџак.
Пријавениот К.М. е лице познат на службата и против него, по неколку основи и досега биле поднесувани кривични пријави.