Даниел Кајмакоски потпиша договор за издавање на првиот албум со продуцентската куќа Менарт

Првиот победник на Икс фактор Адриа, Даниел Кајмакоски потпиша договор за издавање на албум со продуцентската куќа „Менарт“, соопштуваат од продуцентската куќа.

Претставниците на „Менарт“, регионален застапник на „Sony Music Entertainment“, будно го следеа целиот тек на престижниот музички натпревар. Менторите, Емина Јаховиќ, Кристина Ковач, Кики Лесендриќ и Жељко Јоксимовиќ се потрудија нивните кандидати да се претстават во најдобро светло сè до суперфиналето, каде се пласираа само најдобрите пет: Лукијан, Маид, Тамара, Даниел и „Доктори“. Суперфиналистите жестоко се бореа за вредните награди и престижната титула, нова музичка ѕвезда во регионот.

Во преполната „Комбанк Арена“ триумфираше Македонецот Даниел Кајмакоски, кој е прогласен за победник на првата сезона на првиот регионален натпревар „Икс Фактор“. Даниел како награда доби снимање на албум од „Менарт“ за регионот, два видео спота, ПР поддршка од продукцијата, автомобил Mini Cooper Coupe, како и парична награда од „Мастер Кард“во износ од 10.000 евра, велат од продуцентската куќа.

daniel

По потпишување на договорот, директорот на хрватската продуцентска куќа „Менарт“, Бранко Комљеновиќ изјави:

„Горди сме на фактот што „Менарт“, посреден застапник на „Sony Music – Syco“, ќе има можност да соработува со победникот на првата сезона на регионалното издание на „Икс Фактор“, Даниел Кајмакоски, кој е фантастичен пејач. Градењето и работата на неговата кариера ќе биде еден од нашите приоритети во периодот кој следува, и тоа во сите држави од регионот каде беше емитуван „Икс Фак.тор“.- рече Комљеновиќ.

5d

Даниел Кајмакоски не го крие своето одушевување: „Драги пријатели, пресреќен сум што можам да соопштам дека ми се оствари уште еден сон. Потпишав договор со „Менарт“, продуцентската куќа која ќе го издаде мојот прв албум. Очекувајте ја наскоро и мојата прва песна!“