Градоначалникот на општина Дебрца, Игор Трајкоски денес беше во Требеништа каде интензивно се работи на изградбата на повеќе наменско игралиште – балон сала, каде најмладите ќе добијат современи услови за спортски активности.
Според проектот, првата фаза која опфаќа изработка на челична конструкција и покривање предвидено е да заврши до крајот на август.
Со изградбата на овој објект, општина Дебарца конечно ќе добие покриена спортска сала, со која ќе се подобрат условите за поактивно спортување на месното население како и одржување на културни манифестации.