Охридско лето“ стана почесен член во фондацијата „Томислав Зографски“

Претседателот на Фондацијата „Томислав Зографски“, Панда Зографска-Беличанец, изрази благодарност до Охридско лето, институција која дава внимание и простор за величање на творечкиот опус на Томислав Зографски и одбележување на јубилејот, 80-годишнината од раѓањето на Зографски, еден од основположниците на македонската композиторска школа.

„Зографски е врзан за „Охридско лето“ уште од најраниот творечки период, уште од 1965 година кога на петгодишниот јубилеј на фестивалот, заедно со маестро Ловро Маточиќ ја изведоа неговата „Фантазија Корале““, истакна Зографска-Беличанец.

Во знак на благодарност, Зографска-Беличанец на директорката на „Охридско лето“ Елизабета Јанкуловска и предаде Повелба за почесно членство на фестивалот во Фондацијата „Томислав Зографски“, за заложбите во постигнување највисоки дострели во музичката уметност.

Инаку Зографски е и композитор на химнат на фестивалот „Охридско лето“, што се изведува на отворањето и затворањето на секое од фестивалските изданија.

pandapovelba3