При крај инфраструктурните зафати на „Лазо Трпоски“

Двонеделните инфраструктурни зафати што ги изведува ЈП „Нискоградба“ на ул: „Лазо Трпоски“, се доведени во финална фаза. Од предвидените 60 метри улична канализациона линија, досега се поставени цевки во должина од 45 метри, со профил Ф 200 и изградена е една ревизиона шахта.

Се очекува до средината на наредната седмица, целосно да биде завршена линијата, со изградба на уште две ревизиони шахти.