Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и амбасадорот на Обединетото кралство Велика Британија и Северна Ирска, неговата екселенција Чарлс Гарет присуствуваа на доделување на сертификати на обучени кадри во рамки на проектот „Зајакнување на капацитетите на Министерството за труд и социјална политика во спроведување на политиките и програмите за еднакви можности и недискриминација“.
Тој на почетокот истакна дека Министерството за труд и социјална политика континуирано и посветено работи на прашањата поврзани со човековите права и слободи, како и на прашањето за еднаквите можности на сите граѓани со осoбен фокус на заштитата секоја директна или индиректна дискриминација, повикување и поттикнување на дискриминација и помагање во дискриминаторско постапување врз основа на пол, раса, боја на кожа, род, припадност на маргинализирана група, етничка припадност, јазик, државјанство, социјално потекло, религија или верско уверување, други видови уверувања, образование, политичка припадност, личен или општествен статус, ментална и телесна попреченост, возраст, семејна или брачна состојба, имотен статус, здравствена состојба или која било друга основа која е предвидена со закон.
Во оваа прилика, министерот Спасов истакна го истекна следново: ”Во изминатиот период од донесувањето и спроведувањето на Законот за спречување и заштита од дискриминација и Националната стратегија за еднаквост и недискриминација, ја утврдивме потребата од зголемена одговорност но и за јасно и транспарентно објаснување на мерките и политиките во поефективно спроведување на овие два важни документи. Истовремено ги утврдивме и причините зошто некои мерки ни се потребни, пред се во обезбедувањето на социјална кохезија, за што беше потребно целосно и ефективно учество на сите одговорни субјекти на централно и локално ниво, но и учеството на граѓаните претставници на различни групи. Во таа насока потребата од реализација на активности за успешно и ефикасно спроведување на овие стратешки документи беше евидентна”.
Според министерот за труд и социјална политика активностите кои се спроведоа во рамките на Проектот „Зајакнување на капацитетите на Министерството за труд и социјална политика во спроведување на политиките и програмите за еднакви можности и недискриминација ќе помогнат во подобрување на националните капацитети во спроведување и примена на политиките за спречување и заштита од дискриминација на централно и локално ниво, како и во унапредување на соработката на релевантните институции и организации во нашата држава во насока на помош и поддршка на граѓаните.
„Како резултат на овие активности во рамките на проектот спроведени се повеќе од 40 дводневни обуки. На овие обуки и покрај тоа што беше испланирано да се обучат 600 учесници, се едуцираа над 800 претставници од државни институции на централно и локално ниво, судска администрација, судии, социјални партнери и граѓанскиот сектор. Со цел промоција на истите, обуките се одржуваа во повеќе градови на РМ. Од страна на обучувачите се подготвија и два типа на водичи наменети за целните групи кои ќе им послужат на вработените во нивната секојдневна работа. Истите преведни се на албански јазик и исто така дистрибуирани се до сите институции”, рече Спасов и дополни: Исто така треба да се спомене дека како резултат на подготвените модули на обуки од страна на Министерство за информатичко општество во моментот се реализира изразботка на електронски модул за учење на со цел достапност на поголем број вработени и заинтересирани професионалци.