Омонија на свој терен во Никозија – Кипар успеа со 3:0 да го победи Металург во првата средба помеѓу овие клубови во рамките на квалификациите за Лигата Европа.
Домаќинот не остави ништо на случајност и тргна по победа од самиот почеток. Омонија поведе во 9-та минута со голот на Рамос, а веднаш потоа во 14-та минута со голот на Поте зголеми на 2:0 со кој резултат се замина на полувреме.
Второто полувреме исто така им припадна на домашните фудбалери. Во 57-та минута Рамос го постигна својот втор гол за водство на Омонија од 3:0 што остана и конечен резултат.
Металург не можеше да се справи со расположениот Рамос кој постигна два голови и асистираше за вториот гол. Од друга страна пак Ефремов може да се каже дека во неколку наврати ја спаси честа на Металург од поголем пораз.
Повратниот дуел се игра во четврток (7-ми август) во Скопје на Арената „Филип Втори“.
WebOhrid