На ден 23. 08. 2014 (Сабота) во с. Скребатно ќе се одржи Манифестацијата „Охридска Софра“, која претставува извонредна можност за граѓаните, гостите и посетителите да се запознаат со богатството на охридската традиционална храна, пијалоци и други етнолошки вредности како дел од севкупната туристичка понуда и туристички производ.
Како главни активности на оваа манифестација ќе бидат промоција на традиционални јадења и пијалоци и подготовката на традиционалното ѓомлезе кое ќе има натпреварувачки карактер, а за таа цел обезбеден е награден фонд од 20.000 денари за трите најдобро подготвени ѓомлезина.
Учесниците ќе имаат можност да ги истакнат и своите готвачки вештини преку подготовка на традиционални охридски јадења на самото место.
Сите заинтересирани кои што сакаат да бидат дел од настанот ги информираме дека можат да се пријават во просториите на Секторот за Tуризам и ЛЕР или на тел:046/ 230 -175 најдоцна до 13 Август, 2014 (Среда). Бројот на учесници е ограничен.