Престрелка во тетовско

Утрово околу 00:10 часот во населбата Дреновец-тетовско се случила вооружена престрелка и тепачка во која учествувале пет лица: Е.О.(22), С.О.(22) и Р.О.(53) од с.Доброште од една страна и Л.И.(24) и К.В.(21) од Тетово од друга страна.

Во пресметката освен огнено оружје било користено и ладно оружје и при тоа Е.О. се здобил со прострелна рана во пределот на десната надколеница, С.О. со прострелна рана во пределот на левата надколеница и Р.О. со убодна рана во пределот на средишниот дел од кичмата, додека Л.И. се здобил со убодна рана во пределот на вратот, а К.В. со огреботина на долните екстремитети. Трите лица од с.Доброште се здобиле со тешки телесни повреди и биле пренесени во КБ-Тетово, а Л.И. со здобиени тешки телесни повреди и К.В. со телесни повреди биле пренесени во Ургентниот Центар во Скопје.

Од страна на увидна екипа од СВР-Тетово излезено е на местото на настанот извршен е увид и се работи на целосно расчистување на случајот.