Општина: ЈП „Градски гробишта“ ги отфрла обвинувањата и ги оценува како целосно невистинити без ни еден факт

Во врска со соопштението на ОО на СДСМ Охрид, реакција испрати Општина Охрид, во која стои:

„Во интерес на вистината, поткрепено со податоци од задолжителниот Годишен извештај на ова комунално претпријатие за работењето во 2013 година и првото тромесечие од 2014 година, ви ги презентираме следните официјални информации:

ЈП „ГРАДСКИ ГРОБИШТА“ ги отфрла обвинувањата изнесени во соопштението на СДСМ Охрид и истите ги оценува како целосно неаргументирани, произволни и невистинити без ни еден факт или точно изнесен податок.

Невистинит е податокот дека претприајтието добило субвенции во 2013 година од Локаланта самоуправа. Во 2013 година ЈП „ГРАДСКИ ГРОБИШТА“ од Локалната самоуправа доби само работа, согласно закон и од страна на Локалната и за сите работни зафати уредно и навремено се испалтени фактурите и на сметката од претпријатието легнале околу 4 милиони и 500 илјади денари.

За воља на вистината треба да се каже дека Локалната има дадено субвенции за прептријатието и тоа ги доделила во 2012 година но и од тоа на сметката нема легнато никакви средства бидејќи тогашното раководство овие субвенции ги реализирало со цесии, што предизвикало на сметката од претпријатието да не легне ниту денар.

Што се однесува до невистините изнесени околу средствата кои се уплатиле на сметката од изнајмување на ресторанот, СДСМ повторно не ја кажува вистината. На сметката од претпријатието легнаа 1.786.992 денари, а во прилог на ова соопштение до јавноста доставуваме и копија од банкарски извод за платен промет на кој јавноста може да види дека на ден 15 јули 2014 година, на жиро сметката од прептијатието фирмата која победи на огласот уплатила точно –1.356.492 денари. Претходно согласно условите во огласот истата фирма веќе уплати 430 500 денари како депозит за учество на оглас , што заедно сочинува износ од 1.786.992 денари.

Ја информриамејавнсота дека овие средства ќе влезат во финансискиот извештај на ЈП „ГРАДСКИ ГРОБИШТА“ од третиот квартал за оваа година во приходната ставка.

Јавноста повторно ја информираме дека со ставањето на ред и почетокот на одговорното работење, само од прекинување на неправилностите со откривање на не ажурирани сметки кои се околу 600 , откривање на дадени ( подарени ) , а не фактурирани гробни места и од не фактурирање на влезови за монтажа на споменици прептријатието остварило приход од околу 1 милион и 200 илјади денари, средства кои оделе во приватни џебови кога со претпријатието раководеше кадар назначен од колаицијата која ја предводи СДСМ, за што полицијата води десетина истраги за кои веќе се поднесени пет кривични пријави против претходните раководни структури.“– се вели во реакцијата на општина Охрид.

Smetki01

Smetki02