Централната плажа на дојранското крајбрежје, позната и како градска плажа од денес ги пречекува туристите во сосема поинакво светло.
Лежалки под балдехини, набљудувачки кули, соблекувални во модерен стил, вака изгледа сега запуштената плажа со исушена трева, на која постојано се жалеа гостите.
Туристите велат дека условите сега се многу подобри, иако Дојран генерално бара уште вложувања за да биде модерно туристичко место.
Од општината велат дека ќе се работи на уредување на другите плажи, на нивно проширување, за да може целото крајбрежје да нуди исти услови за одморање. Новите содржини се очекува да привлечат и многу повеќе туристи оваа сезона.
Извор: Нет Прес