Одржана третата охридска иселеничка забава

Традицијата продолжува. На 31-ви јули, во ресторанот „Македонска куќа“  лоциран во населбата „Свети Стефан“, покрај обалата на Охридското Езеро,  на 31 јули се одржа третата по ред охридска иселеничка забава, во организација на охридското Лав радио.

Присутните имаа можност да уживаат во национални инструменти како што се гајда, зурли, тапани, засилени со македонска песна со најпопуларните фолк  ѕвезди: Благоја Грујоски, Орце Стефковски, Петар Нечоски, Ирена Спасовска, Дарко Стојаноски, Виданка Геогиевска, музичката група Маестрал од Битола и уште многу други.

Водител на програмата беше Драгица Стефкоска- Дракче. Гостите беа пречекани од страна на сопственикот на Лав радио Охрид, Иван Пашоски. Беа доделени многу награди, како и главната награда – телевизор.