Големиот македонски празник Илинден, денес традиционално се одбележа и во црквата „Св.Илија“ на планината „Илинче“ во Мешеишта.
Присутни беа голем број на верници кои палеа свеќи и се помолија за здравје и среќа.
Традиционално, на присутните верници им се служеше ручек организиран од црквата, а прославата беше збогатена со музика до попладнените часови.
Ова беше прилика мешеиштани и годинава да се сретнат со жителите од околните села, но и со наши иселеници од овие простори и заеднички да го прослават овој голем празник.
WebOhrid