Општина: Со непроверени познавања од одредена општествена област, СДСМ и денес гаѓаше во мета без цел

Општина Охрид, испрати реакција во врска со реакцијата на ОО на СДСМ Охрид. Во неа се вели:

„СДСМ – Охрид со денешното соопштение испратено до медиумите, покажа дека тие се партија која може да ја менува својата форма но не и содржината ако се земе во предвид фактот дека со намерата да ги оцрнат работните надлежности на Секретарот на општина Охрид, покажаа и докажаа дека тие никогаш нема да се грижат за доброто на Охрид и охриѓани. Како и секогаш почитуваните од СДСМ- Охрид, бледо ќе гледаат во суштинските општествени проблеми а нивната функција нема да им дозволува да направат ни еден чекор за подобар Охрид.

Со вообичаено плитки или непроверени познавања од одредена општествена област, СДСМ – Охрид и денес гаѓаше во мета без цел.

Изразувајќи жалење за недоволната информираност на СДСМ- Охрид, општина Охрид уште еднаш посочува дека темата депонија кај “Мауцкер“ е многу постара од наводните две години што оваа политичка партија ги спомнува во своето неиздржано соопштение.

Имено , со одлука на Совет од пред 15-ина години, просторот кај“ Мауцкер“ бил одреден за времено депонирање на градежен шут. За време на локалната власт на СДСМ во Охрид, наместо градежен шут , количински многу повеќе се депонирало отпад, односно просторот бил незаконски претворен во депонија. И наместо поранешни директори на СДСМ – Охрид да почувствуваат “грижа на совест“ за својот прекршок, зад превезот на “ чист Охрид“, креираа некаква своја експресност која очигледно завршувала на депонијата кај “Мауцкер“ што тие ја создадоа.

За жал, општина Охрид и овој пат се соочува со наследен проблем кој успешно почна да го решава иако за него се потребни илјадници евра и почитување низа законски процедури. Воспоставен е систем на контрола на одведување на отпад. Сегашната локална власт не само што не депонира отпад на овој простор туку го чисти оној што тука нелегално го оставале властите од СДСМ.

Но, амбициите на градоначалникот Никола Бакрачески и неговиот тим не завршуваат тука. Со почитување на сите законски норми успешно се чекори кон изградба на индустриската зона “Мауцкер“. И секако, за сето време Градоначалникот Бакрачески и неговиот тим успешно работат на санирање на сите оштетувања и “депонии“ што СДСМ- Охрид ги направи во секоја општествена сфера во градов.“- стои во реакцијата.