Планинарите на Федерација на планинарски спортови на Македонија и членови на ПСК „Бистра“ – Скопје, како и планиари на ПК “Макпетрол” и ПК „Кораб” беа дел на традиционалниот Илинденски Планинарски Марш 2014 кој по 28-ми пат се одржа под покровителство на АМС.Тоа се дел од активностите на владата на Република Македонија, АМС и неколку спортски федерации со кои ги одбележаа празниците и натамошната посветеност на илинденското празнување.
За време на Илинденскиот марш беа организирани следните планинарски трансферзали:
„Февруарски поход”, пешачење на дел од патеката од походот со старт во 08.00 часот во Прилеп од манастирот „Св. Ѓорѓија” до село Крстец. Носител на организацијата беше Планинарското Спортско Здружение “Козјак – Прилеп”. Во пешачењето учество имаше на 20 – 30 планинари.
Освојувањето на највисокиот врв во Македонија (Голем Кораб) – „Врвот на слободата”го направија планинари на ПСК „Бистра“ – Скопје, ПК “Макпетрол” и ПК”Кораб”. Старт беше закажан во 06.00 часот наутро од Гостивар. Учество земаа 40-50 планинари вљубеници во убавините на Македонија. За севкупната организација Господинот Котевски изјави- “Голема благодарност до Агенцијата за малди и спорт што ни овозможи на 18те планинарки и планинари од ПК Кораб,Макпетрол и Бистра да ги прославиме двата илиндена, најзначајни во историјата на нашата татковина. На наш, планинарски начин.Искачувајки се на навискиот врв Голем Кораб,”Да ни е вечна,горда и света нашата сакана Македонија”. Срдечни поздрави за сите вљубени во македонија од нашиот највисок врв и за многу години празникот.
Исто така имаше Симболичното искачување на „Славеј планина”.Тоа го направија носителите на организацијата на овој марш, Планинарското Спортско Здружение “Два Камна – Кичево” и Планинарско Еколошко Друштво „Закамен–Струга”.Стартот беше во 08.00часот.с.Лактиње.Учеството беше надоплнето со група од 20-30 планинари.
За севкупните активности на Федерација на планинарски спортови на Македонија временските услови беа извонредни за овој период од годината