Најмалку 150 лица загинале во земјотресот кој вчераутро го зафати југозападот на Кина, јавува кинеската агенција Синхуа.
Според Кинескиот сеизмолошки центар, земјотресот е со јачина од 6,5 степени според Рихтеровата скала, а не со 6,1 степен како што соопшти Американскиот геолошки завод.
Во провинцијата Јунин последен пат силен земјотрес имало во 2012 година кога загинале 81 лице, а 821 лице биле повредени.
Земјотрес во толку голема јачина не е забележан во изминатите 14 години во Јунин.
Извор: Нет Прес