Денес Директорот на Здравствен дом „Д-р Светозар Чочороски“ Вевчани, Боро Пешиноски и Градоначалникот на општина Вевчани, Цветомир Угриноски примија донација вредна 150.000 американски долари од Снежана Ставреска која живее и работи во САД, а потеклото по мајка и е од Вевчани.
Донацијата се состои во: Еко колор доплер апарат, Пиштол за корбиопсија; 12 канален ЕКГ апарат; Холтер ЕКГ апарат за 24 часа следење на срцева работа.
Со оваа донација се прошируваат дијагностичките можности на Здравствениот дом со нови дијагностички процедури и техники.
Градоначалникот на општина Вевчани и Директорот на Здравствен дом Вевчани во името на граѓаните на општина Вевчани се заблагодарија за донацијата.