Мирен протест на жителите на с. Велмеј

Жителите на село Велмеј свесни за опасноста која ја шири нелегалната депонија, која е лоцирана до селото, по нивното здравје и околината поведоа грѓанска иницијатива за дислокација на депонијата, која по се изгледа не беше воопшто вредна да биде разгледана од локалната самоуправа и да бидат преземени соодветни решенија. Како резултат на тоа што локалната власт неможеше да оддели од своето скапоцено време за вакво клучно прашање, денес жителите излегоа на мирен протест со тоа што го спречија возилото на Јавното претпријатие “Дебрца” отпадот од цела Дебарца да биде депониран во дивата депонија во Велмеј. Депонијата неколку дена гореше, при што целото село беше обвиено во чад и миризба. Кога веќе се споменува горењето на депонијата убаво се сеќаваме дека сегашниот Градоначалник, а тогашен инспектор за заштита на животната средина знаеше да изрече дебела казна, сега каде е???

Јавното комунално претпријатие наместо чувар на животната средина и јавната чистота е нејзин најголем загадувач. Сите сме свесни за масовноста на акцијата и вложените средства од граѓаните со пошумување и давање живот на природата, треба ли да дозволиме одредени поединци заради профит и инает сето тоа да го уништат. Локалитетот околу селото е едно од најчистите во околината и плодно тло за одгледување на органска храна. Треба ли поради поединци таа околина сочувана толкав период да се претвори во депонија . Дали место кое е на надморска висина од 850 метра и поволно за развој на планински туризам треба да дозволиме некој да го уништи?

Луѓето кои протестираа беа заплашувани со пријава во полиција и кривични пријави, но ваквите заплашувања не поминаа. Директорката на Јавното комунално претпријатие кажуваше дека ништо незнае за граѓанската иницијатива, иако на седницата на советот, од советникот од с. Велмеј беше побарано да се изнајде соодветно решение, а ако не дојде до тоа нареден чекор дека се протестите.

ГРАЃАНСКА ИНИЦИЈАТИВА НА ЖИТЕЛИТЕ НА с.ВЕЛМЕЈ ЗА ДИСЛОКАЦИЈА НА ДЕПОНИЈАТА