ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ дефинитивно за ништо не ве бидува!

Во врска со денешната прес конференција реакција испрати и ОК  на ВМРО-ДПМНЕ, во која стои:

„СДСМ дефинитивно е најголемиот срам и брука за Охрид! Партијата која со бившиот градоначалник го доведе ЈП “Билјанини извори“ на работ на опстанувањето и финансиски го опустоши за околу 20 милиони денари, а вработените ги остави без плати цели пет месеци ,се дрзна на прес конференција да коментира за денешната состојба со паркинг просторот во Охрид.

СДСМ која паркинзите ги издаваше за полнење на приватните џебови на едни од најпознатите локални “багабонти“ не е достојна ни да ја изговори буквата П од зборот Паркинзи во Охрид, а уште помалку да ја коментира чесната и законска работа на Локалната самоуправа предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Разликата помеѓу минатата и сегашната локална власт е една. Во времето на СДСМ наплатата од паркинзите одеше во рацете на познатите “Брачки“, а денес наплатата од сите паркинзи вклучувајќи ги и тие кај Центарот за обука на вода и кај Полигонот за мали спортови оди на контото на ЈП “Билјанини извори “ кое СДСМ целосно го опустоши.

Граѓаните знаат дека Локалната Власт предводена од градоначалникот Никола Бакрачески обезбеди многу слободни паркинзи. Бесплатно е паркирањето на неодамна уредениот паркинг кај месноста Долни Сарај, на паркингот на улица “Илинденска“, кај Античкиот театар и над театарот, пред куќата на Уранија“, на просторот кај црквата “Св. Варвара“ на улица Илинденска“, кај црквата “Света Софија “ крак од улица “Коста Абраш“ од левата страна, на паркингот кај простор кај месноста “Сараиште“ .Како минатата така и оваа година бесплатно е паркирањето на просторот пред Горна Порта од десната страна, кај спортското игралиште во Средното економското училиште, на просторот од десната страна на улица “Караорман“, од улица “Димитар Влахов“до улица “Булевар Туристичка“ покрај гимназијата “Св. Климент Охридски“, на просторот кај амбуланта Маларична , на левата страна од улицата “Јане Сандански“-наспроти Комерцијална Банка и на просторот пред ОУ “Братство и Единство“на улица “7-ми Ноември“.

Поради деструктивната политика што ја водеше СДСМ не успеа во 8 години владеење да ги изгради ни затворените: базен и автобуска станица кои ги најаваа постојано. Но ВМРО-ДПМНЕ и Локалната власт предводена од градоначалникот Никола Бакрачески веќе ги започна и во поодмината фаза се проектите за затворениот базен, затворениот пазар,пешачката патека што води до Горица и многу други проекти за кои СДСМ во долги 8 години не успеа целосно да ги собере ни основните документи за отпочнување постапка за барем еден од горе наведениве проекти.

Вие од СДСМ во 8 годишното владеење го опустошивте Охрид а многу добро е што долги години ве нема на државна власт, зошто во спротивно ќе ја уништевте и нашава мила држава како што тоа го сторивте со Охрид.

Во време на вашето владеење Охрид не само што немаше театар туку лошо го менаџиравте и престижниот фестивал “Охридско Лето“ ставајќи го во тотална финансиска дупка длабока со милиони денари. ВМРО ДПМНЕ на задоволство на охриѓани ги даде правните рамки, “духот“ и “телото“ на охридскиот народен театар.

СДСМ вашите јавни бламирања немаат крај, навистина сте смешни! Фактите стојат зад вистината. Добар показател за зголемениот број на туристи во Охрид е наплатата на туристичката такса.
Во однос на 2011-та година кога Општина Охрид наплатила од туристичка такса околу 26 000 евра за месеците април, мај и јуни, за оваа година се наплатени 36 000 евра односно се бележи пораст од 38%. За разлика од лани односно 2013-та година кога се наплатени 40 000 евра, оваа година има пад од само 10% кој што според нашите согледувања веќе е компензиран во овој месец.

СДСМ дефинитивно за ништо не ве бидува! Ни 5 % од она што го кажувате не е вистинито и поткрепено со факти- колку жално за вас! “- стои во реакцијата на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид.