СДСМ: Локалната самоуправа предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги остава граѓаните на Охрид без можност за бесплатно паркирање

Локалната самоуправа предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги остава граѓаните на Охрид без можност за бесплатно паркирање, обвини на денешната прес конференцијаа ОО  на СДСМ Охрид.

„Лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ нема граници. Додека СДСМ ја водеше локалната власт во Охрид, од ВМРО-ДПМНЕ редовно критикуваа дека наводно, секој слободен паркинг простор се наплатувал. Својствено за ВМРО-ДПМНЕ тоа воопшто не беше точно. Реалната ситуација тогаш беше дека постоеше слободен паркинг простор на кој што граѓаните и гостите можеа бесплатно да паркираат. Денес, локалната власт, предводена токму од ВМРО-ДПМНЕ почна да наплатува паркинг и на просторот на кој можеше слободно да се паркира. Примери за тоа се воведувањето на наплата за паркирање кај поранешниот Градски полигон и кај Центарот за Обука на вода.“– рече координаторот на советничката група на СДСМ, Јован Стојаноски и додаде: 

 „Дополнително, во екот на туристичката сезона, Охрид е се уште град без театар, без затворен базен, без пешачка патека од мостот до Горица, без соодветен зелен пазар, без соодветна автобуска станица, без контењери, без среден и функционален режим на сообраќај и без јасна стратегија за развојот на туризмот. Да е трагедијата уште поголема, Охрид во екот на туристичката сезона е град без туристи. Тоа се делата на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид.“– заврши Стојаноски.

WebOhrid