Во врска со вчерашниот допис на Граѓанска иницијатива на жителите на с. Велмеј за дислокација на депонијата, реакција испрати ЈП за комунална дејност Дебрца, во која стои:
„Локалната власт на чело со Градоначалникот уште пред подолго време работи на решавање на овој со децении горлив проблем во општина Дебарца. За таа цел на последната седница на Советот на општината е донесена предлог одлука за воспоставување на меѓуопштинска соработка во повеќе области, меѓу кои приоритет е ставен на заштита на животната средина што подразбира и решавање на проблемот со депонирањето на отпад од населените места во општината.
А во врска со реакцијата на жителите на с.Велмеј истакнуваме дека со дозвола на месната зедница на с.Велмеј уште со формирањето на ЈП за комунална дејност Дебрца во 2000 година, отпадот се одлага на депонијата кај с.Велмеј.
Ги прашуваме жителите на с.Велмеј каде беа цели 13 години да ја искажат таа иницијатива и да излегуваат на протести? Дали ова е политички мотивиран настан од одредени членови на опозицијата кои после повеќе од една година од катастрофалниот пораз на локалните избори се уште неможат да се помират со резултатие, па сега ја обвинуваат сегашната власт за децениското постоење на депонијата?
Зошто не реагирале во минатото за тој проблем кои самите го предизвикале со отворањето на таа депонија? “– стои во реакцијата на ЈП за комунална дејност Дебрца.