Во завршна фаза се градежните активности за подигање на повеќенаменското спортско игралиште во населбата Лескајца.
До ставање во функција на објектот останува уште екипите на јавните претпријатија „Проаква“ и „Градски гробишта“ да ја довршат започната мини фонтана и да ги поплочат малите пристапни патеки што водат до неа а ќе се постави и заштитната гумена подлога во кругот на детското катче.
Првобитната замисла за целосно учество на Општинските јавни претпријатија во овој проект е исполнет затоа што 90% од градежните и оперативни активности реализирале тие а еден мал дел приватни економски оператори Во поглед на обележувањето на спортското игралиште и во дооформувањето на заштитната ограда на детското катче.
ЈП „Нискоградба“ извршува задачи околу тампонирањето на просторот, поставување на заштитните огради а ќе биде и задолжено околу одржување на детските реквизити и играчки кои по изградбата ќе бидат поставени во повеќе наменското спортско- рекреативно игралиште. ЈП „Градски гробишта“ е задолжено за поплочување и поставување на бехатон на теренот и на пристапните патеки кои водат до игралиштето како и поставување на ивичници за обележување на уредениот простор. ЈП „Охридски комуналец“ има должност да го исчисти целиот потег околу повеќенаменското игралиште и хорти културно да го уреди паркот кој е замислен да се гради во рамките на проектот. Асфалтирањето на теренот го врши градежната фирма „Илинден“ од Струга.
Проектот „повеќенаменско спортско игралиште“ е согласно изборната програма на градоначалникот Никола Бакрачески според која на овој потег беше планирана изградбата на вакво игралиште и истиот е целосно финансиран од Општина Охрид.