Меѓународен ден на домородното население

Меѓународниот ден на староседелците, односно на домородното население (9-ти август) за прв пат е прогласен од страна на Генералното собрание на Обединетите нации во декември 1994 година, да се слави секоја година во текот на првата Меѓународна Декада на староседелците од светот (1995 – 2004).

Во 2004 година, Собранието прогласи Втора меѓународна Декада, од 2005 до 2014, со тема „Една деценија за акција и достоинство“. Фокусот на овогодишниот Меѓународен ден е „Премостување на јазот: спроведување на правата на домородните народи“.

Темата има за цел да ја нагласи важноста на спроведувањето на правата на домородните народи преку политики и програми на национално и меѓународно ниво кои работат заедно кон оваа заедничка цел со владите, системот на Обединетите нации, домородните народи и други заинтересирани страни.

Првата светска конференција за домородните народи ќе се одржи на 22 и 23 септември 2014 година. Средбата ќе биде можност за споделување на перспективи и најдобрите практики за остварување на правата на домородните народи, вклучувајќи и извршување на целите на Декларацијата на Обединетите нации за правата на домородните народи.

„Интересите на домородните народи мора да бидат дел од новата развојна агенда, со цел таа да успее. Заедно, да ги препознаеме и да ги славиме вредностите и карактеристичните идентитети на домородните народи ширум светот. Дозволете ни да работиме уште повеќе за да ги поттикнеме и поддржиме нивните аспирации.“ – истакна генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун.