Положено цвеќе пред споменикот на Св.Климент

По повод Денот на Свети Климент Охридски, Патронот на градот, делегација на општина Охрид предводена од претседателот на Советот, Гордана Коњаноска, положи свежо цвеќе пред споменикот на заштитникот на градскиот плоштад.

Пред споменикот на Св. Климент Охридски се поклонија и делегации на основното и средното општинско училиште кое го носат името на Патронот на градот како и политичките партии.

Во чест на Св.Климент Охридски претходно беше одржан Меѓународен фестивал на духовна музика „Тебе поем-Св.Клименте“, во организација на Младинскиот културен центар и Европската асоцијација на фестивали, а со финансиска поддршка на Општина Охрид. Исто така во Центарот за култура „Григор Прличев“, во рамките на годинешното 54-то издание на фестивалот „Охридско лето“ со поддршка на Општина Охрид, во очи празникот, беше прикажана македонската премиера „Апостоли на словените – двајца браќа една животна мисија“.