Љубителите на македонскиот фудбал денес ќе имаат можност првенствениот натпревар меѓу ФК „Вардар“ и ФК „Шкендија“ на Националната арена „Филип Втори“ да го гледаат во живо преку интернет страната на Фудбалската федерација на Македонија www.ffm.mk.
„Следејќи ги новите технологии и светските трендови, а со цел љубителите на фудбалот кои нема да бидат во можност да дојдат на самиот натпревар, или пак нема да бидат во својот дом од различни причини, им е овозможено да го гледаат натпреварот преку својот компјутер, или телефон, а за тоа им е потребно само интернет конекција и да го посетат сајтот на ФФМ.“ – истакнуваат од ФФМ.
Натпреварот Вардар – Шкендија ќе започне во 19:00 часот. Приклучете се на www.ffm.mk