Силен тајфун ја погоди Јапонија

Најмалку шест лица се повредени во Јапонија во првиот удар на тајфунот Халонг, поради што властите наредија евакуација на половина милион жители.

Јапонската метеоролошка агенција го издаде највисокото можно предупредување, што значи дека невремето претставува опасност по човечките животи и дека би можело да нанесе огромна материјална штета.

Наредбата за евакуација се однесува на жителите од два градови кои се наоѓаат покрај надојдените реки, а метеоролозите предвидуваат дека обилните врнежи ќе продолжат.

Поради тајфунот откажани се околу 500 летови, а исто така има прекини и во копнениот сообраќај, особено поради тоа што тајфунот Халонг ја погоди Јапонија на почетокот од будистичкиот празник Обон.