Реџеп Тајип Ердоган е избран за нов шеф на државата уште во првиот круг на претседателските избори во Турција. Според резултатите, Ердоган освоил 52% од гласовите.
Популарноста на актуелниот премиер Ердоган се објаснува со фактот дека за време на неговите три последователни мандати, Турција забележа економски раст и пораст на животниот стандард.
Граѓаните на Турција за прв пат во својата историја директно бираа претседател, поради промена на уставот. Ердоган со оваа победа добива шанса да биде на власт следните 10 години, бидејќи според уставот има право на два петгодишни претседателски мандати.