Виц

Седат тројца во сауна. Одеднаш, почнал да ѕвони телефон и едниот од нив се јавил.

– Здраво мили, најдов едно ланче, смеам да го купам?

– А колку пари е?

– Беше 40 илјади евра, ама со попуст 32 илјади евра.

– Добро де, купи го! – рекол тој, го исклучил телефонот и прашал:

– Извинете момци, чиј е овој телефон?