Од ноќеска на полноќ, бензините поевтинуваат за 1,5 денари, дизелот за половина денар, одлучи денеска Регулторната комисија за енергетика. Според најновата одлука за малопродажните цени на нафтените деривати, цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 1,5 денари по литар и од полноќ, овие бензини на пумпите ширум Македонија ќе се точат за 78,5 односно 80 денари за литар. ЕУРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) поевтинува за половина денар и еден литар ќе се точи за 67,5 денари. Половина денар ќе биде поевтина и нафтата за домаќинство чија цена од полноќ ќе изнесува 56 денари за литар.