Денеска во „Куќата на фудбалот“ беа одредени паровите за воведното коло од Купот на Македонија. Актуелниот носител на титулата од Купот на Македонија, тимот на Работнички одбраната на титулата во натпреварувањето ќе ја започне од 1/8 финалето заедно со екипите на Шкендија и Еуромилк кои исто така нема да бидат дел од 1/16 финалето, откако Третата лига – север наместо четири претставници даде три, а третата лига – запад неместо четири претставници даде два.
Натпреварите за 1/16 финалето од Купот на Македонија се играат на 20 август во 17:00 часот.
Двојките се следни: Фортуна – Хоризонт , Работнички Џумајлија – Силекс, Кожув/Победа.В – Македонија Ѓ.П 1932, Вулкан – Пелистер, Гоблен Јуниор – Тетекс, Новаци 2005 – Гостивар, 11. Октомври – Шкупи 1927, Брегалница Делчево – Дрита, Беласица – Напредок, Саса – Ренова, Влазними – Вардар, Младост Царев Двор – Брегалница 2008, Победа Јуниор/Младост – Металург.