Меѓународен ден на младите

На 17 декември 1999 година, во својата резолуција 54/120, Генералното собрание на Обединетите нации ја поддржа препораката од Светската конференција на министрите одговорни за младите (Лисабон, 08-12 Август 1998) 12 август да биде прогласен за Меѓународен ден на младите.

Темата на Меѓународниот ден на младите за 2014 година е: „Младите и менталното здравје“.

Младите со ментално здравствени проблеми често можат да доживеат стигма и дискриминација, кои можат да доведат до исклучување и/или обесхрабрување на луѓето да бараат помош поради страв да не бидат негативно „означени“.

Почитувањето на Меѓународниот ден на младите ќе ја подигне свеста за оваа важна тема, како и да ги истакне искуствата на храбрите, млади поединци кои одбрале да зборуваат за овие прашања со цел за надминување на стигмата и дискриминацијата, и да се осигура дека младите луѓе со ментални здравствени услови може да водат целосно здрав живот ослободени од изолација и непотребен срам и отворено да ги бараат услугите и поддршката што им треба.