Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести (Сл. весник на РМ 66/2004, 139/2008 и 99/2009), а врз основа на одлуката на Советот на Општина Охрид за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општина Охрид како општа противепидемиска мерка, ЈЗУ Центар за јавно здравје Охрид го издава следното соопштение:
Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Охрид дека на ден 15.08.2014 (петок) екипите на Центар за јавно здравје Охрид ќе спроведат теристичка (од земја) дезинсекција против комарци.
Запрашувањето ќе се врши во, период од 21 до 06 часот, со апарат за УЛВ ладно запрашување поставен на пикап-возило, со предходница од друго возило.
Со дезинсекцијата ќе биде опфатено Охридското крајбрежје на потег од с.Подмоље до комплексот Св.Наум, територијата на град Охрид, потег на река Грашница, Коселска Река.
Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги преземат соодветните мерки за заштита на на пчелите.
Третирањето ќе се изведе со препаратот AQUA K–OTHRINE со активна супстанца DELTAMETHRIN.
Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.
За сите информации и прашања отворен телефон за контакт во Центар за јавно здравје Охрид е 046 / 231 881 и 046 / 230 231.