Брачен пар од Полска загина правејќи „селфи“ на карпа

Еден брачен пар од Полска загина правејќи селфи на работ од карпите во Кабо де Рока во Португалија, 40 километри од Лисабон, и тоа пред очите на нивните две малолетни деца.

Полицијата соопшти дека парот паднал во провалија обидувајќи се да направи „селфи“. Нивните деца од пет и шест години биле сведоци на несреќата и моментално се наоѓаат под психијатриски надзор.