Приведен осомничениот за двојното убиство во Вевчани

Вчера, околу 21,30 часот во летната бавча од угостителскиот објект „Пјаца“ едно лице испукало 10 проектили од пиштол „Црвена застава“ калибар 7,65 милиметри кон четири лица кои седеле во објектот.

Од здобиените повреди, во општата болница во Струга починале две од повредените лица, Владо П.(43) и Мате Ѓ.(23) двајцата од Вевчани, со телесни повреди се здобиле Г.К.(33) од Вевчани кој има повреди во пределот на левата надлактица поради што е пренесен во специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид и И.П.(29) од Вевчани кој поради три прострелни влезно-излезни рани во пределот на абдоменот е опериран во болницата во Струга. Повредените лица се надвор од животна опасност.

По преземени мерки и активности приведено е едно лице З.С.(56) од Вевчани, осомничен за стореното кривично дело. Полициските службеници го пронајдоа огненото оружје-пиштол кое сега приведениот З.С. легално го поседувал.

На лице место извршен е криминалистичко-технички увид во присуство на Јавен обвинител од Струга како и полициски екипи.