Завршна фаза од работите на локалитетот Манчевци во Охрид

Во рамките на реализацијата на програмата за заштита на културното наследство, а со финансиска поддршка на Министерството за култура, стручните екипи на Заводот за заштита на спомениците и музеј Охрид, интензивно работат на третата фаза од конзервацијата на археолошкиот локалитет Манчевци во Охрид.

Во изминатите две години на овој локалитет беа извршени археолошки истражувања, а се заврши и конзервацијата на остатоците од рано христијанската базилика. Годинава се работи на конзервацијата на мозаичните подови како и на комплетната илуминацијата на локалитетот.

Со реализацијата на завршната фаза од работите на археолошкиот локалитет Манчевци градот Охрид до крајот на годинава ќе се здобие со уште еден атрактивен археолошки локалитет кој нуди одлична можност за дополнителна афирмација на културното наследство на Република Македонија.

macevci_1_640