НВО коалиција на Египќаните потпиша меморандум за соработка со НВО „Преродба“ – Кичево

Денес, во Кичево, НВО Коалиција на Египќаните, претставувано од страна на Демир Далип-овластен преставник на Египќаните за надворешна соработка, потиша уште еден Меморандум за соработка , овој пат со НВО „ПРЕРОДБА“ -Кичево, преставувано од страна на Претседателот, г дин Емин Мамудоски.

Целта на ова здружување како што беше истакнато на денешната прес-конференција е меѓусебна соработка и заеднички настапи во апликација и реализација на проекти од сферата на човековите права и слободи на движење, социјалните и хуманитарните права, подигнување на степенот на образованите на младите Роми и Египќани од Западен регион, борба за правична застапеност во вработување на младите во државните и јавните институции од двата Етникуми, Негување и презентација на културните различности.

Посебен акцент на оваа соработка се ранливите категории на граѓани, без разлика на етничката припадност, нивната интеграција со посебен осврт на припадниците на етничките заедници од коалицијата на горенаведените НВО организации.

Од оваа прес конференција беше испратена поздравна честитка до градоначалниците на Кичево, Фатмир Дехари и Никола Бакрачески од Охрид, за взаемна соработка и подршка за реализација на овој Меморандум.

Од Нво Организации, истакнаа дека, овој чин, преставува импулс за уште поголема и поинтензивна соработка, на општините Охрид и Кичево, предводени од нивните градоначалници, Др. Никола Бакрачески и Фатмир Дехари, особено што со изградба на автопатот Охрид-Кичево, ќе се создадат услови, за поквалитетен живот на граганите на овие општини и поинтензивна комуникација.

1604403_264569930403580_3580154285409202465_n