Расчистен магистралниот пат во близина на Св.Стефан

Пред празнувањето на верскиот празник „Пренос на моштите на св.архиѓакон Стефан“ во манастирскиот комплекс Св.Стефан, екипите на „Јавна хигиена“ извршија темелно расчистување на магистралниот пат, на потегот од паркинг-просторот кај „Горица 3“ до х.„Гранит“. На овој потег собрани се 30 вреќи комунален отпад (расфрлана хартија, пластика, лименки и др.).

Од ЈП „Охридски Комуналец“ напоменуваат дека овој отпад беше расфрлан покрај магистралниот пат, чие одржување не е во надлежност на претпријатието, додека пак во туристичката населба „Свети Стефан“ Комуналец има ангажирано извршител кој секојдневно ја одржува јавната хигиена.