Приведени албански државјани поради нелегален влез и незаконит престој во земјава

На 15.08.2014 година, од страна на униформиран полициски службеник од РЦ-Запад била извршена акциска контрола во с.Велешта и с.Радолишта, при што биле откриени и приведени 11 албански државјани, поради нелегален влез и незаконит престој во Р.Македонија.

На истите им била поднесена прекршочна пријава до Основен суд Струга, каде им била изречена Глоба, а од страна на ОПКМСР Струга изречена им е мерка Протерување од територијата на Р.Македонија. Лицата преку ГП-Ќафасан се депортирани во Р.Албанија.