Според податоците на Државниот завод за статистика, раководителите на деловните субјекти од областа на градежништвото ја оценија економската состојба во второто тримесечје од 2014 година како поповолна во однос на претходното тримесечје, а поповолна и во однос на истото тримесечје од 2013 година. Оценката за финансиската состојба на нивните деловни субјекти е дека е подобра во однос на претходното тримесечје, а подобра и во споредба со истото тримесечје од претходната година.
Во второто тримесечје од 2014 година, очекувањата за бројот на вработени во наредниот период се поволни, оценката за сегашната состојба со порачки (договори) е поповолна во споредба со претходното тримесечје, а бројната состојба и квалитетот на механизацијата и опремата се подобрува и е над нормалата. Во наредниот период се очекува продажните цени да се зголемат.
Најголемо влијание на ограничувањето за подобрување на сегашната градежна активност имаат следните фактори: недоволната побарувачка со 19.5%, зголемените трошоци за материјали со 14.1%, зголемените финансиски трошоци (камати) со 13.4% и конкуренција во сопствениот сектор со 11.8%.