Својот десетгодишен јубилеј на успешна работаи својата висока општествена одговорност компанијата КОМФИ АНГЕЛ од Прилеп го одбележува преку соработката со Црвен крст Охрид и обезбедување на донација на детски јорганчиња за потребите на детските градинки и детските одделенија на Општата болница и болницата Св.Еразмо.
Црвен крст Охрид, донацијата ќе ја предаде на претставници на наведените институции утре, 20.08.2014 г. во 11 ч. во просториите на Црвен крст Охрид.