Советникот при Советот на Општина Охрид, Кујтим Усеини на сите припадници на муслиманската вероисповед, без разлика на нивната етничка припадност им го честита големиот муслимански празник Рамазан-бајрам.
Ваквите празници, се момент кога се зацврстуваат толеранцијата, човечките, меѓукултурните и меѓуверските односи кај луѓето. Кујтим Усеини на припадниците на муслиманската вероисповест им посакува деновите на празнување да ги поминат во радост, спокој, хармонија и мир во кругот на своите семејства, меѓу пријателите и меѓу соседите.