Според податоците на Државниот завод за статистика, во периодот јануари-јуни 2014 година, вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 6 046 991 илјади денари што е за 27.7% повеќе во споредба со истиот период од претходната година.
Во наведениот период, градежната оператива од Република Македонија во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 616 615 илјади денари што е за 41.8% повеќе во споредба со истиот период од претходната година.
Во истиот период е забележан зголемен обем на извршените градежни работи во Италија, Холандија, Швајцарија, Бугарија и Босна и Херцеговина, додека на другите пазари е регистриран намален обем. Како нови пазари се јавуваат Хрватска и Франција.
Вредносните податоци за периодот јануари-јуни 2014/2013 година се дадени врз база на паритетот 1 САД долар = 44.63 денари.