Според податоците на Државниот завод за статистика, раководителите на деловните субјекти оцениле дека економската состојба на нивните деловни субјекти од областа на трговијата на мало, во второто тримесечје од 2014 година е поповолна во однос на првото тримесечје од 2014 година, а е поповолна и во однос на второто тримесечје од 2013 година.
Раководителите на деловните субјекти оцениле дека нивната финансиска состојба во второто тримесечје од 2014 година е поповолна во однос на првото тримесечје од 2014 година, како и очекувањата за економската состојба во наредниот период.
Раководителите на деловните субјекти оцениле дека количината на залихите во текот на второто тримесечје од 2014 година е зголемена во однос на претходното тримесечје.
Нивните оценки за очекуваните порачки за наредниот период се дека ќе се намалат, а очекувањата за бројот на вработените е дека ќе се зголеми во однос на првото тримесечје од 2014 година.
Раководителите оцениле дека движењата на продажните цени во второто тримесечје од 2014 година се на исто ниво како и во однос на претходното тримесечје.
Во второто тримесечје од 2014 година, во споредба со претходното тримесечје, оценката за очекувањата за продажните цени во нардените 3 месеци е дека ќе се зголемат. Најголемо влијание на ограчувањето на економската состојба на деловните субјекти во текот на второто тримесечје од 2014 година имале: слабата побарувачка на купувачите со 35.1%, зголемената конкуренција со 16.4%, зголемената понуда на пазарот со 15.0% и зголемените финансиски трошоци (камати) со 10.3 %.