Се поставуваат заштитни пешачки огради кај ОУ „Христо Узунов“

Во рамките на годишната програма за 2014 година во областа на сообраќајот,Секторот за комунални дејности и сообраќај при Општина Охрид и во текот на летниот период работи на нејзино комплетирање. По бележење на хоризонтална и вертикална сигнализација,и по целосното бележење на такси- станиците и делумната нивна дислокација,во теков на оваа работна недела од секторот за комунални дејности пристапија кон поставување на информативни патокази на фреквентни делови од Општината и веќе од денес се започна со поставување на заштитни пешачки огради на фреквентни раскрсници на територијата на Општина Охрид.

По налог на Секторот за комунални дејности,сообраќај и улици денес техничко -оперативните служби на ЈП Нискоградба започнаа со поставување на заштитни огради за пешаци на потегот кај раскрсницата во непосредна улица на ОУ Христо Узунов. Освен примарната цел за безбедност на пешаците при одвивањето на сообраќајот,ваквите заштитни огради имаат и едукативна цел,а тоа е правилно насочување на најмалите учесници во сообраќајот, децата да ги користат пешачките премини при префрлањето на улицата.

Од секторот за комунална дејност уште апелираат и да не се уништуваат ново поставените огради бидејќи тие се корисни за сите и претставуваат огледало на нашата сообраќајна култура.

Од Секторот уште посочуваат дека како стручна институција детектирале неколку вакви локации низ Општина Охрид, но доколку граѓаните имаат да посочат вакви места на коишто би биле потребни овие сообраќајни реквизити можат слободно да се јават во просториите на секторот за комунална дејност,сообраќај и улици при Општина Охрид.

ogradi_400