Согласно програмските активности на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во однос на активностите за промовирање на Македонија како атрактивна туристичка дестинација започна и соработката со Холивудскaта продуцентска компанија, Infinity pictures and HMB (Hollywood Media Bridge).
АППТ од 24-ти до 10-ти септември ќе организира инфо тура за Percy von Lipinski- репортер, новинар, продуцент, Phil Goldfine – филмски продуцент, Timothy Marlowe – филмски продуцент, Rob Haber- снимател/камерман и Jacqueline Vinzelberg- новинар преку која ќе се запознаат со природните и културните убавини на нашата земја. Со нескриено воодушевување од богатствата која ги има нашата земја Percy von Lipinski заедно со својот тим на сортаботници ќе снимаат петнаесет кратки промотивни филмови за Македонија кои ќе се емитуваат на пет странски јазици на you tube канал, ќе бидат промовирани на социјалните мрежи ширум светот и на познати светски медиуми.
Снимањето на кратките промотивни филмови за Македонија ќе започне во Скопје, Старата скопска чаршија, археолошките локалитети во околината на Скопје и претставување на македонскиот рубин и филигранството. Следува приказната за природните убавини на кањон Матка и пештерата Врело. Ќе продолжат за Маврово, Галичник, Јанче, Лазареполе, и манастирите Св Јован Бигорски и Рајчица. Ќе се снимаат пештерните цркви во Струга, неизбежна е приказната за Охрид, Галичица, св Наум и охридскиот бисер. Ќе се посетат Крушево, Прилеп, манастирот Трескавец, а Дојранското езеро и ловењето риба со корморани е уште една приказна на која не можат да останат рамнодушни. Посета на винскиот регион во Македонија и винската приказна на тиквешијата. Завршуваат со посета на Берово и снимањето на Куклици и Кокино.
Percy von Lipinski е поранешен дипломат, наградуван новинар на CNN познат како “CNN Travel Guru”, а во последниве години работи за Universal Studios во Холивуд како “ловец на атрактивни локации” за промовирање и развивање на филмски туризам. Percy von Lipinski ги споделува своите ексклузивни сознанија кои доаѓаат од неговиот уникатен пристап и работно искуство на повеќе од 200 инфо тури низ светот.
Rob Haber е камерман/снимател за некои од најголемите филмови во Холивуд, вклучувајќи ги: Badge of Honour, War of the Worlds, Raid on Entebbe, The English Patient.
Во последниве неколку години Rob Haber работи заедно со Percy von Lipinski за CNNi каде што им е доделена највисоката награда за “оригинално известување”. Rob Haber работи за Universal Studios во Холивуд за да им помогне во лоцирањето на нови возбудливи локации за претстојните филмови за некои од најголемите имиња во Холивуд.
Phillip Goldfine e филмски продуцент, добитник на Оскар познат по филмовите: Disturbing Behaviour, Half Past Dead, The Dentist, The Patriot, The Keeper, The Traveller, The Outsider, Legend, Badge of Honor. Основач е на продуцентската компанија HMB (Hollywood Media Bridge) која соработува со Холивудските студија: Warner Bros. MGM, Paramount, Universal Studios, Sony Pictures, Twentieth Century Fox, Lions Gate Entertainment, Anchor Bay/Starz, Image Entertainment. Имаат и успешна соработка со телевизиски канали, Fox Channel, Reelz Channel, SyFy, USA, Lifetime, Netflix.
Timothy Marlowe е добитник на престижната награда Оскар и работи во филмскиот бизнис од 11 години. Во 2003 година бил водечки вокал на групата TWOmarlowe, нивните видеа имаат над 10 милиони преземања за 8 месеци, кои редовно се прикажуваат на MUCH Music и MTV. Timothy Marlowe е извршен продуцент на филмовите: Legend, Badge of Honor, The Lady in number 6, The Cycle, Giganthropithicus.
Огранизациски и логистички снимањето на кратки промотивни филмови за Македонија е поддржанo од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, која детално ги разработи сите сегменти и ги оствари сите контакти потребни за професионално и успешно реализирање на овој проект.