На 27-28.10.2017 год. се одржа 25-от Интернационален фестивал на аматерски (непрофесионален) документарен филм – CAMERA 300 во Битола. На истиот, учествуваше и училиштето ОУ „Христо Узунов“ – Охрид, со три филмови: „Билјана платно белеше“ од авторот Ивана Пројческа, „Живот и дело на Христо Узунов“ од авторот Христина Митреска и „Сјајот на Охридското Езеро“ од авторот Евгенија Стојановска, а сите под менторство на наставничката Вера Зороска. Фестивалското жири на целиот тим од училиштето му додели специјална награда Плакета за придонес во аматерскиот документарен филм. Во официјална проекција беше филмот „Билјана платно…
повеќе...Tag: филм
Проекција на документарниот филм за 1150-тата годишнина од доаѓањето на Кирил и Методиј
Утре во 18:00 часот, во амфитеатарот на Филмска Академија Охрид (поранешен Дом на АРМ) ќе се прикажува документарен филм за 1150-тата годишнина од доаѓањето на двајца реномирани професори Кирил и Методиј. Документарен филм за 1150-тата годишнина од доаѓањето на двајца реномирани професори Кирил и Методиј во Велика Моравија дава јасна слика за нивниот живот и работа. Филмот е придружуван од двајца современи чешки свештеници, Мирослав Херолд и Марек Орко Вача, кои учествуваат во изведените делови од документарната улога на двајцата браќа од Солун и формално го реконструираат своето патување од поранешната…
повеќе...Престижната професионална програма за развој на филмски проекти „МИДПОИНТ“ од 10 до 16 јуни во Охрид
Престижната професионална програма за развој на филмски проекти „MIDPOINT Feature Launch“, својата прва сесија, во соработка со Агенцијата за филм на РМ, ќе ја одржи од 10 до 16 Јуни на Филмската Академија во Охрид, по што ќе следува и втора работилница, која од 15 до 21 Октовмри ќе се одвива во Прага. На двете работилници ќе учествуваат 9 проекти, помеѓу кои е селектиран и проектот „19“, на младата режисерка Косара Митиќ. Покрај споменатата работилница, во исто време во Охрид ќе се одржи и работилницата „MIDPOINT Intensive Macedonia“, на која…
повеќе...Проекција на краткометражниот игран филм за деца „Сказна за Вилен“ во ОУ „Св.Климент Охридски“
„Сказна за Вилен“, краткометражниот игран филм за деца во режија на Никица Мишева, ќе ја има својата прва проекција на 7. 6. 2017 (среда) во салата при ОУ „Св. Климент Охридски“ – Охрид со почеток во 10. 00 часот. Ова е прв македонски филм чие сценарио е работено според истоименото дело на познатиот македонски писател Глигор Поповски. Во реализацијата на филмот учествуваа Димитрие Ристески, камерман, и Тони Нически, монтажер. Главната улога му е доверена на Ѓорѓи Чинго, а во останатите улоги се појавуваат Марко Дуданов, Виктор Момировски, Смиле Наумоски и…
повеќе...Градоначалникот Бакрачески на снимањето на филмот „Дедо и внук“
Градоначалникот Никола Бакрачески, денес, присуствуваше на снимањето на филмот „Дедо и внук“ што е во режија на охриѓанецот Илија Пиперкоски. „Сакам да го изразам своето чувство на задоволство од несекојдневната прилика што ја имав денес, да присуствувам на некои од крајните сцени од снимањето на филмот „Дедо и внук“, во сценарио и режија на нашиот Илија Пиперкоски и продуцентот господинот Антов. Филмот создава одлична можност за промоција и афирмација на Охрид, насекаде каде што овој филм ќе биде прикажуван и гледан. Чинам дека ова е втор филм кој што е…
повеќе...Денови на рускиот филм
Во рамки на манифестацијата „Денови на рускиот филм“, што Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија ја организира во соработка со Кинотеката на Македонија, во Скопје ќе бидат прикажани повеќе руски филмови со воена тематика, а еден од нив ќе биде прикажан и пред охридската публика. Филмот „Белиот тигар“ на режисерот Карен Шахназаров, ќе биде прикажам во Охрид, на 15-ти мај, во 19:30 часот во амфитеатарот на Филмскиот институт во Универзитетот „Апостол Павле“. „Белиот тигар“ е високобуџетен филм, со 11 милиони долари, а е снимен за три и пол години…
повеќе...Претседателката на Советот Коњановска на сетот од филмот „Дедо и внук“
Претседателката на Советот на Општина Охрид, Гордана Коњановска и директорката на Агенцијата за филм на Република Македонија, Мими Ѓорговска Илиевска, денес ја посетија филмската екипа, која работи на реализација на играниот филм „Дедо и внук“, по сценарио и режија на охриѓанецот Илија Пиперкоски. Филмот е со современа тематика и за прв пат по култниот „Мирно лето“ во целост се снима во Охрид.
повеќе...Прв студентски филмски фестивал во Охрид
Во периодот од 9ти до 12 март во најголемиот туристички центар во земјата – градот Охрид, се одржа првиот интернационален студентски филмски фестивал “Филмоција“. Фестивалот го организираше Институтот за филм – Филмска академија во Охрид, а со цел поврзување и размена на искуства помеѓу младите од регионот кои студираат во областа на филмот и продукцијата, како и промоција на студиските програми и образовни можности, со цел привлекување на заинтересирани кандидати за надградба на своето знаење, преку продолжување на постипломските студии на оваа високо образовна установа. Четиридневната програма понуди бројни проекции…
повеќе...Утре ќе се одржи проекција на филмот „Триото од Белвил“
Во рамките на фестивалот Feelmotion, на филмската академија ФИОФА во Охрид, за прв пат ќе се одржи проекција на филмот „Триото од Белвил“ со музичка изведба во живо на музичарот и композитор Дејан Петровиќ. „Триото од Белвил“ е анимиран филм од 2003 година на познатиот режисер Силвиан Комет, номиниран за два оскари. Невообичаено и интересно за овој настан е што Дејан Петровиќ подготви специјален музички перформанс кој ќе оди паралелно со проекцијата на филмот. Ова е веројатно прв ваков настан во нашиот град и претставува убава можност за публиката да…
повеќе...„Тор и легендата за Валхала“ во недела ќе се прикажува во просториите на ФИОФА
Студенсткиот филмски фестивал Филмоција како дел од Институтот за филм – Филмска Академија Охрид ќе го прикажува анимираниот филм „Тор и легендата за Валхала“ благодарение на Узенгија Дистрибуција и Агенција за филм на Република Македонија за сите љубители на анимирани филмови. „Тор и легендата за Валхала“ синхронизиран на македонски јазик ќе биде прикажуван на 12ти март (недела) во просториите на Академијата ФИОФА, со почеток во 11:00 часот. За сите посетители влезот е бесплатен.
повеќе...