Меѓународен ден за сеќавање на трговијата со робови и нејзино укинување

УНЕСКО ја слави дваесеттата годишнина од Проектот за патот на робовите, кој започна во 1994 година во Оуидах (Бенин) за промоција на достигнувањата и перспективите на овој проект, кои се порелевантни од било кога во мандатот на УНЕСКО.

Главните цели на проектот се да се „скрши молкот“ за трговијата со робови, ропството и нивните последици, да се потенцираат како резултат на глобални трансформации и да се промовира меѓукултурниот дијалог и заедничкото наследство произлезено од оваа човечка трагедија. Проектот активно придонесува кон тековната дебата за соодветно препознавање на овие настани и менаџмент на ова заедничко наследство во модерните општества.

Проектот има значително влијание и придонес за препознавање на трговијата со робови и ропството како злочин против човештвото од страна на меѓународната заедница во 2001 година. Преку научни истражувања на малку познати или неистражени теми, издавање на книги и референтни материјали и образовни материјали, проектот активно учествуваше во зголемувањето на свеста за ропството и неговите последици.

Резолуција 37 С / Res1.VI усвоена на 37 седница на Генералната конференција на УНЕСКО бара од генералниот директор „да се развие и имплементира програма на активности за да се прослави 20-годишнината од проектот во различни региони на светот“ и да се обезбеди успех на оваа прослава. За таа цел, УНЕСКО, членовите на Научниот комитет и партнери на проектот планираат во текот на 2014 година, да организираат активности и настани во различни региони на светот. Оваа прослава е исто така дел од 50-годишнината од Општата историја на проектот Африка, кој исто така, придонесе за подобро разбирање на оваа трагедија.

„Историјата на трговијата со робови укажува не само на страдањето, туку исто така на конечната победничка битка за слобода и човекови права“. – изјави Ирина Бокова – генералниот секретар на УНЕСКО.

WebOhrid