Одземено нелегално оружје од охриѓанец

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, СВР Охрид против С.В. (58) од Охрид поднесе кривична пријава.

На 22 овој месец, по претходно добиена наредба од судија во претходна постапка, извршен е претрес во неговиот дом. Притоа, во една од собите на семејната куќа пронајдени се еден автоматски пиштол „Шкорпион“ и 69 парчиња пиштолска муниција калибар 7,62 милиметри. Дополнително при преглед на гаражата забележани се 15 парчиња муниција калибар 12 милиметри кои биле сокриени во платнен реденик.

При извршениот претрес, пронајдена е и една пневматска пушка „Гамо“ калибар 4,5 милиметри со потврда за истата.

Пронајдените предмети се одземени и предадени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.

Пријавениот С.В. е лице познат на службата против кого и досега, по неколку основи биле поднесувани кривични пријави.