Премиерот Груевски и градоначалникот Бакрачески прошетаа по ново изградениот кеј во Пештани

Во рамки на работната посета во Охрид ,Премиерот Никола Груевски и градоначалникот Никола Бакрачески денес прошетаа по ново изградениот кеј во рибарската населба Пештани. Убавиот нов лик на кејот во Пештани е проект на Општина Охрид кој беше реализиран пред стартот на летната туристичка сезона.

Местото Пештани за нас претставува едно од најзначајните туристички брендови и е дел од туристичката понуда на Охрид и во таа насока локалната самоуправа изминатата година презеде обврска и реализира неколку инфра –структурни проекти кои ќе го подобрат животот на мештаните но во секој случај со нив местото ќе биде поатрактивно за гостите и туристите кои што доаѓаат традиционално во Пештани години наназад. За таа цел како приоритет си поставивме да го изградиме брегот во должина од 200 метри започнувајќи од рибниот ресторан па се до полициската станица која што беше едно од суштествените барања и потреби на жителите од Пештани. За таа цел прво се изгради заштитен бетонски ѕид кој што е со длабочина од 1,5 метар под земја односно станува збор за армиран бетонски ѕид и уште 2 метри над земјата со што еднаш за секогаш се реши проблемот кој што се создаваше со нарушување на брегот под дејство на силните бранови и веднаш после тоа пристапивме кон изградба на еден современ брег кој е убаво хорти културно уреден и осветлен, поставени се клупи и канти за отпадоци се со цел Пештани да наликува на едно убаво туристичко место .Претходно во Пештани имавме и други инфра структурни зафати. Беше асфалтирана улицата “Стевче Илоски“ со сите нејзини краци и уште две помали улички во центарот на селото“, истакна градоначалникот Бакрачески кој најави дека наредната година Општина Охрид ќе пристапи кон уредување на кејот во Пештани , односно ќе се продолжи со активности од Рибниот ресторан кон населбата Лагадин се со цел оваа населба да биде едно од најатрактивните туристички места не само во Охрид туку и пошироко.

Секако за развој на охридскиот регион и поголема посетеност на населбата Пештани со туристи голем придонес ќе има изградбата на патот од Охрид до Пештани во должина од околу 15 километри што е најавена за наредната година а за што веќе е започната фаза на проектирање.