Ученици од ОУ „Св.Наум Охридски“ – Пештани во посета на НБРМ

Учениците од ОУ „Св. Наум Охридски“ од с. Пештани, Охрид, беа во посета на Народната Банка на Република Македонија во Скопје. Повод за посетата беше одбележување на Светскиот ден на штедењето. Вработените од НБРМ беа љубезни домаќини и на учениците им покажаа дел од нивната работа, што вклучуваше: предавања, посета на Ковачницата и Музејот на Народната Банка. Децата научија многу за штедењето, се запознаа со историјата на македонските пари, а и со начинот на кој се коваат модерните денарски монети. Учениците од своја страна изработија повеќе убави литературни и ликовни…

повеќе...

Најважниот ден за првачињата во Пештани

Одбележан почетокoт на Новата учебна година во ОУ „Св.Наум Охридски“, Пештани. Учебната година највозбудено ја дочекаа првачињата. Директорот на ОУ „Св. Наум Охридски“ во Пештани, Илија Стојаноски им го честита почетокот на новата учебна година на првачињата. Исто така им посакува успех на другите ученици и во работата на колегите.

повеќе...

Спасен давеник кај Пештани

Вчера околу 14:00 часот во Охрид на плажа во Пештани, од водите на Охридското езеро со знаци на живот бил изваден К.К. (37) од Скопје. Со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во ЈЗУ-Охрид од каде било добиено известување дека истиот се наоѓа во животна опасност. Поради сериозноста на здравствената состојба вчера К.К. бил пренесен од Охридската Општа Болница во „Карил“ при Клиничкиот центар “Мајка Тереза“.

повеќе...

Акцијата за расчистување на јавните површини продолжува во Пештани

Продолжува акцијата на Ј.П. „Охридски Комуналец“ за расчистување на јавните површини. Денес се работи во Пештани. Активирани се четворица работници за чистење на улиците од наноси на земја и песок, се отстранува тревата од тротоарите и се чисти плажата од трска и комунален отпад. Акцијата ќе продолжи и во текот на утрешниот ден.

повеќе...

Голем успех на основците од „Св. Наум Охридски ”- Пештани на Регионалниот натпревар по математика

Денес на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид се одржа XXXV Регионален натпревар по математика за учениците од основното образование во учебната 2016/2017год. на кој учествуваа ученици од IV до IX одделение од основните училишта од општините Охрид и Дебрца. На овој натпревар учениците при ОУ „Св.Наум Охридски” – Пештани постигнаа голем успех. На Регионалниот натпревар по математика учествуваа тројца ученици од четврто одделение и тоа Евгенија Палоска, Бојан Палоски и Андреј Мешкоски кои под менторство на наставничката Марина Шурбановска, сите тројца освоија второ место во својата категорија. Ученичката…

повеќе...

Утре ќе се подигнува кабаст отпад во Пештани

ЈП „Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека утре (среда) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во Пештани. Се молат граѓаните кои живеат во овој дел, доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот и претходно да го пријават во РЕ „Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од ЈП „Охридски Комуналец” благовремено да го подигнат.

повеќе...

Арнаудов: Изградбата на патот Охрид-Пештани е од големо значење за развојот на туризмот во охридскиот регион

ВМРО ДПМНЕ реализира огромен број капитални проекти во патната инфраструктура, а во наредниот период ќе се продолжи со уште подинамично темпо за реализиција на започнатите, но и на нови проекти. Во програмата РЕАЛНО укажуваме и многу нови проекти за инфрастуктурата, за реконструкција и изградба на локални патишта за градот Охрид кој се од големо значење за нашите граѓани. Ова денес го истакна претседателот на ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид и кандидат за пратеник во ИЕ 5 Д-р Љубен Арнаудов, кој беше на средба со жителите на Пештани. „ВМРО ДПМНЕ изминативе години…

повеќе...

Девојка од Пештани паднала во провалија на планината Галичица

Вчера во 15:45 часот на планината Галичица, после м.в. „Корита“, Н.Џ. (21) од Пештани, охридско, додека се движела со нејзиниот пријател, се лизнала и паднала во провалија. На местото на настанот излегле екипи на Итна медицнска помош и Територијалната противпожарна единица Охрид. Од страна на ТППЕ, Н.Џ. била извлечена од провалијата и била пренесена во Медицински центар Охрид. Констатирано било дека истата е вон животна опасност, а карактерот на повредите дополнително ќе биде утврден.

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески ќе посети неколку месни заедници

Во недела (13.11.2016), градоначалникот Никола Бакрачески, заедно со стручните служби од општина Охрид и директорите на јавните претпријатија ќе остварат средба со неколку месни заедници. Предвидено е средбите да започнат во 11 часот во Љубаништа, понатака во 12 часот Трпејца, 13 часот Пештани, 14 часот Елшани, 15 часот Коњско и 16 часот Рача. Средбите се отворени за сите жители од овие населени места и ќе се одвиваат во центарот на месните заедници.

повеќе...

Шахтите во Пештани – нагазни мини за автомобилите

Пештани „ја испрати“ и оваа летна туристичка сезона. Но, за жал, многумина ќе понесат и непријатни спомени од нивното патешествие низ Пештани, конкретно од неизнивелираните шахти. „Има едно критично место, еден теснец, каде што не се гледа дали доаѓа возило од спротивниот правец. Од едната страна возачите ги одбегнуваат шахтите, додека пак другите ги заобиколуваат паркираните возила. Во таква ситуација е критично и за самите возачи, но и за пешаците кои поминуваат тука.“ – вели загрижен жител од Пештани. Пештанци апелираат до надлежните служби што побрзо да излезат на терен, да извршат увид,…

повеќе...